ЕКОЦИРКОН
За ЕКОЦИРКОН Суровини Галерија Контакт ЕКОЦИРКОН
ЕКОЦИРКОН

Компанијата ЕКО ЦИРКОН е регистрирана во 1997 година со основна дејност откуп и преработка на секундарни суровини (железо, алуминиум, бакар, олово, бронза, месинг, и други) од технолошки и индустриски отпад, како и ископ со тешка механизација. Компанијата е основана со личен приватен влог и основни средства во сопственост на оснивачите.

Во првиоте години од своето работење, целокупноте приходи се реинвестирани во развојот на компанијата, во подобрување и опремување. Денес компанијата располага со сопствен складишен простор од 17.000 м2 отворен простор, како и 4 магацини, хали, гаражен простор и административен простор со вкупна површина од повеќе од 500м2, како и сета потребна машинерија за извршување на секојдневните активности.

Бројот на вработени во ЕКО ЦИРКОН, континуирано се зголемува поради работните побарувања, обемот на активности како и постојаното тежнеење за повисок квалитет на услуги.

ЕКО ЦИРКОН откупува суровини од сите индустриско технолошки капацитети во Република Македонија, како и од физички и приватни лица. По откупот, материјалите се подложени на селектирање и сепарација, по што следи нивно пресување, пакување и испорака до индустриските капацитети во Македонија и странство, пропратено со сите активности и документација за транспорт и извоз.

Нашата компанија работи водена од стоги технички критериуми и услови, овозможувајки максимална заштита и висококвалитетни услови за работа на своите вработени.

Компанијата поседува тешка градежна механизација како и обучен способен кадар подготвен да одговори на сите барања за ископ и конструкциски работи.

Во оваа прилика, би сакале да им се заблагодариме на сите партнери и соработници кој директно или индиректно овозможија ЕКО ЦИРКОН да се вброи меѓу 200-те најуспешни компании во Република Ммакедонија.

За ЕКО ЦИРКОН | Суровини | Галерија | Партнери | Контакт

ЕКО ЦИРКОН доо

Перо Наков б.б.
1000 Скопје
Република Македонија

www.ekocirkon.com.mk
ekocirkon@yahoo.com
тел. (02) 25 51 118
факс. (02) 25 50 541
моб. 070 311 541
моб. 070 219 875